Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија
Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата “Еуро Консалт Плус”, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората.
Досегашните потпретседатели м-р Горан Ѓорѓиевски, д-р Орце Симов, Сашо Дукоски, д-р Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.