Скопје

Ниту „м“ од модерно Скопје, Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија 60 години назад, вели СДСМ

Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град кој се уназадува, наместо да напредува, вели СДСМ

„Ниту „м“ од модерно Скопје како што ветуваа пред скопјани кога ја бараа довербата. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје назад за 60 години.

Довербата којашто скопјани им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и нивните градоначалници, ја изневерија целосно.

Хаосот во Скопје потврди, глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад.

Не е само сметот и нечистотијата. Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт, фабрика за автобуси не се остварија.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија“, се вели во соопштението.

На почеток