Македонија

Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера во студиото на ТВ24 рече дека со црни косовски пари се купуваат македонски бизниси.

– Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси. Месни индустрии, земјоделски комбинати се купуваат и во Источна Македонија. Тоа го има и во европски извештаи

Но тоа го дозволува СДСМ и тоа ако не го казни македонскио народ на избори, ние немаме иднина, бидејќи се ќе биде купено од косовски црни пари.

Косовската мафија парите полесно ги пере во Македонија отколку во Косово. Еден протекторат подобро се справува со корупцијата отколку Македонија. Се наликува како пропаста на Отоманското царство, која имала делови кои не ги фаќало закон, рече Апасиев.

На почеток