Паркот Украина, преименуван во Парк АСНОМ
Од
Објавено на
Денеска Црвена младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на Народните херои кој беше именуван како Украина, го преименувавме во Парк АСНОМ, соопшти младината организирана во рамки на партијата Левица.
„Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти, оставаме да судите вие. АСНОМ жвее! Ќе победиме“, велат од Црвена младина.