Македонија

Вела поднесе оставка од директорската позиција во тетовската болница и шефовското место во партијата

Директорот на Клиничка болница Тетово, Плумб Вела, поднесе оставка од фукцијата, на која беше вршител на должноста од пролетва. Тој функцијата ја извршува од 28 март, а на истата беше назначен како кадар на партијата Алијанса за Албанците.

Вела преку неговиот Фејсбук профил објави дека оставката ја поднесува до приватни причини, поточно од здравствени причини, но не прецизира за што станува збор.

– Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово.

Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијансата за Албанците – напиша Вела на Фејсбук.

На почеток