Магазин

Српска пејачка пронајдена мртва во базен со врзани нозе и тегови прицврстени на главата

Српската пејачка Вољенка Илиќ, е пронајдена мртва во базенот на нејзината резиденција во Кабаре, во Доминиканска Република, пренесуваат српските медиуми. Таа беше учесничка во познатото реалното шоу „Парови“. Според извештаите, таа починала од задушување, односно од давење.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено во базенот, со нозете врзани со селотејп и со тегови прицврстени на главата, пренесува „Доминикан тудеј“.

Телото било пронајдено во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.

Како што се наведува, уште една државјанка на Србија, чие име не е познато, дошла во куќата на Вољенка на барање на нејзините роднини, кои неколку дена не можеле да контактираат со неа. Според „Доминикан тудеј“ на имотот било пронајдено писмо на српски јазик во кое Вољенка Илиќ напишала дека не сака да продолжи да живее.

Полицијата спроведува истрага за да утврди дали се работи за самоубиство или за злосторство.

Телото на Вољенка Илиќ е пренесено во Националниот институт за форензички науки во Сантијаго, каде ќе биде извршена обдукција.

To Top