Скопје

22-годишен скопјанец ги искршил вратите на ЕУ Инфоцентар

На 25.01.2019 година во 04.20 часот СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток