Македонија

Затворен патниот правец Велес-Скопје поради расчистување на снег од коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

Од 16:50 часот патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е затворен за сообраќај, поради расчистување на снег од коловозот.

Од 11:00 часот престанува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато од Ресен према Битола.

Од 15:30 часот на патот Македонски Брод – Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.
Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир, се укинува забраната за движење на тешки моторни возила.

Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

На почеток