Македонија

Мицкоски објасни зошто текстот за уставните измени е неприфатлив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не е прифатлив начинот на кој уставните измени се доставени во Парламентот.

Вели дека тие се под бугарски диктат и дека со тоа Владата дополнително го усложнувала процесот.

„Со тоа што дефинираше текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен“, изјави Мицкоски.

Владата вчера го достави Предлогот за уставни измени до Парламентот. Предлогот, вели дека ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон ЕУ.

„И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата во кој дел од заклучоците на Советот на Европа, во кој дел од преговарачката рамка и на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“, рече тој.

На почеток