Скопје

Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце

Денеска попладне, е пријавен пожар на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК на локација кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско. Според првата информација гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.

По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и е веќе на терен Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје којашто во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот на отворено, при што и мештаните помагаат со трактори за да го пресечат пожарот на површината кон којашто се движи пламенот.

На почеток