Лимани: Шоферот на Али Ахмети е милионер, а живееше во куќа со штала


Фатмир Лимани, потпретседател на Движењето Беса ги критикува кадрите на ДУИ и зборува за нивното богатење.
„Сите знаеме во каква куќа живееше порано неговиот шофер. Беше тип на куќа во два спрата, штала ја викавме порано, две соби горе, две долу, а долу стоеја животните. Сега има вила и огромно дворно место кое го има узурпирано“, изјави Лимани, на телевизија Алфа.
Лимани истакна дека извршителот на мафијата е министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Рече дека Груби имаше многу голема самодоверба и за време на локалните избори, но во Кичево победија со помош на СДСМ, а имаа самодоверба дека ќе победат и во Тетово, но изгубија со пет советнички места разлика.
