Oд денеска до 27 јануари (петок–недела), во „Кино култура“ во организација на издавачката куќа Бегемот, а под покровителство на Град Скопје, ќе се одржи мултимедијалниот фестивал ArtArea #2 .
Програмата опфаќа повеќе настани од различни културни домени во текот на трите фестивалски денови, а влезот за сите настани е слободен.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат саем на книга, џез концерти, изложби,проекции на документарни филмови и музичко-поетски перформанс.