Коментари

Адеми за палењето на автомобилот на Груби: Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè плашат

Пратеникот oд ДУИ, Арбер Адеми на својот Фејсбук профил излезе со став околу опожарениот автомобил на вицепремиерот Артан Груби.

Според него, веста за обидот за напад врз Груби ја примил со доза на загриженост.

„Ги повикувам сите надлежни органи да преземат соодветни активности за целосно расчистување на овој случај и да ги изведат пред лицето на правдата и авторите и нарачателите на овој чин. Изразете поддршка за првиот вицепремиер, и охрабрете го да не отстапува и без разлика да продолжи со својата работа во служба на граѓаните. Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè одбиваат ниту да нè плашат. Напротив, нè зајакнуваат и не прават порешителни кон нашите обврски“, пишува Адеми.

На почеток