Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците, вели Ванковска


Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.
Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.
Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.
Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Билјана Ванковска.
„ Среќен јубилеј, Македонци Илинденци! Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците.
Корекција: СДС на вашата земја ќе носи резолуција за Илинден, ама не се откажува од уставни измени, историска комисија и слично“, напиша таа на Фејсбук.
