Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите во скопската населба Аеродром. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови. На социјалните мрежи граѓаните објавија фотографии и реагираат дека на коловозите нема фрлено ни зрно сол.
„Зимската служба на Општина Аеродром интензивно работи на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина најдлежност, каде досега се фрлени 45 тони сол.
Екипите ќе ја следат состојбата и во текот на ноќта и ќе реагираат согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните“, стои на Фејсбук страната на Општина Аеродром.