Македонија

Ковачки: Груби му се заблагодари на Спасовски, само не кажа за што

Првиот Вице-премиер Артан Груби му се заблагодари на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Само не кажа за што му се заблагодарува, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали му се заблагодари затоа што му дозволил на возилото што е на име на приватна фирма да стави звучна и светлосна сигнализација односно го направил како полициско возило и како такво да го користи, или му се заблагодари затоа што МВР се’ уште не покренало постапка за испитување на начинот на отстапување на користење на возилото од страна на фирма на избраниот функционер.
Министре Спасовски, ќе кажете ли збор-два за случајот или ќе следи нов скандал за да го покриете овој“, вели Ковачки

На почеток