Ковачки: Кој потпишувал патни налози за употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?


Запаленото возило на вице-премиерот Артан Груби кое се води на име на фирма имало светлосна сигнализација или како рече Груби возилото имало “флешери”.
Тоа го потврди Груби лично и кажа дека “флешерите” ги ставил сопственикот – на своја рака и дека за тоа требало да си одговара, а дека тој возилото го возел со полномошно, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оттука се поставуваат неколку прашања
1. Чие е запаленото возило на Груби?
Според министрите Бујар, Крешник но според Владата – возилото е негово, а според Артан возилото е на комшијата ама тој го возел затоа што комшијата му бил пријател и му го дал на користење.
2. Бидејќи возилото се води на име на фирма, а за да го управуваш тоа возило ти треба патен налог и уште поважно треба да си вработен во таа фирма, кој е тој што потпишувал патни налози за секојдневна употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?
3. Дали Артан Груби кога го возел возилото не приметил дека на него имало “флешери” – за што веќе потврди дека знаел дека е противзаконски и зошто тоа не го пријавил во МВР како кривично дело – член 391 – лажно претставување како полициско или воено лице?
4. Дали Артан не приметил дека на возилото покрај светлосната сигнализација што тој ја нарекува “флешери”, дека имало и звучна сигнализација, тнр. “Хорна”, која е јасно видлива и е на дофат на користење на возачот на возилото?
Зошто повторно не пријавил? Или не видел? Ја користел ли хорната и флешерите додека го возел возилото? Покрај за другите злоупотреби (криење на имот) ќе одговара ли вице-премиерот и за лажно претстаување согласно кривичен законик?
Вакво бандитско однесување на дефакто првиот човек на Владата не заслужува понатамошен коментар. Таквото самоволие е одлика на финкционерите на ДУИ за кои бескичмените од СДС молчат и одобруваат. Згора на тоа, дури им даваат и поддршка.
*Кога утре ќе дојде некоја нова тројка од ЕУ и кога Артан и Бујар ќе им зборуваат за европски вредности, нека им го раскажат случајот и нека ги прашаат дали се тоа европски правила и сет на вредности, дали за вакво нешто се останува на функција и што би се случило со тој функционер доколку таков случај би имало во било која од нивните држави.
#Промени“, додава тој.
