Македонија

Укината забраната за камиони на Ѓавато, Буково и патот Велес-Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.

Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково.

Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за патнички возила додека товарните возила сеуште се пренасочуваат по стариот пат.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток