Македонија

Жан-Ив ле Дриан: Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса

Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан упати честика по повод ратификацијата на Договорот од Преспа.

„Го поздравувам изгласувањето во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа за името на поранешната југословенска Република Македонија.

Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век.

Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.

Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа“, се вели во честитката на Жан-Ив ле Дриан.

На почеток