Македонија

При претрес на дом во Тетово пронајден хероин

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против Н.С.(46) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

На 24.01.2019 извршен е претрес во домот каде привремено престојува пријавената во Скопје, при што понајдени и одземени се  хероин и разни предмети на кои имало остатоци од хероин.

На почеток