Македонија

ТЕ-ТО продал струја од 300 милиони евра со неполни осум месеци работа и под државни регулации

Гасната централа АД ТЕ-ТО минатата година остварила приходи за повеќе од 320 милиони евра и со овој резултат речиси сигурно влегува во Топ-5 најуспешни македонски компании по остварена продажба во 2022, пишува Фактор.

Резултатот е подобар за околу 190 милиони евра во однос на една година претходно, а тоа најмногу се должи на големиот пораст на цената на електричната енергија која што ја произведува единствената гасна централа во земјата. Добивката е 11,5 милиони евра, а менаџментот сепак во консолидираниот извештај објавен на „Македонска берза“ е незадоволен од оствареното. Според компанијата чиј краен сопственик е фирма од Москва, загубена е добивка од 35 милиони евра. Од таму тврдат дека таа можела да биде многу поголема во околности кога се купувал гас по пазарни услови, а од друга страна со кризна одлука на Владата по регулирана цена се продавала струја на АД ЕСМ и топлинска енергија за парно.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток