Одложени „Еми“ наградите поради штрајкот во Холивуд
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/07/emi-nagradi.jpg)
Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд. Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а се очекува и официјално соопштение. Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.
Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)