Македонија

(ВИДЕО) Кон Охрид како на грчка граница: колони, гужви и нервозни возачи

Огромна гужва на патарините кон Охрид, но и на граничните премини Богородица и Табановце.

Километарска колона со возила има кај семафорот пред Гостивар, а возачите се нервозни бидејќи стојат во место.

Од АМСМ информираат дека околу половина час се чека на граничните премини Табановце и Богородица.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, со време на чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

To Top