Магазин

Сара Мејс му посвети песна на синот Кирил за првиот роденден

Пејачката Сара Мејс напиша песна за нејзиниот син Кирил. Тој наполни една година, па по тој повод пејачката напиша стихови кои му ги посвети.

„Една насмевка ме буди од сон,
И пополека ме бутка од стол,
Па ме носи високо до небо,
Каде ѕвезди има рој
Реф:
Очи вселена
Сино зелена е
Цела Шарена
И моја
Во боја…“

„Среќен роденден Кирил. Универзуме мајкин. Среќо моја неизмерна. Комплетирање мое медено. Срце благо и добро. Очи вселена мои. Најсреќни и најсветнати да ти бидат секогаш тие очи магични“, напиша Сара.

На почеток