Скопје

Пттикнување на електромобилноста – секој има одговорност

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, денеска се одбележа Денот без возила на фосилни горива. Присутните имаа можност да ја погледнат едукативната изложба на електрични автомобили, да имаат тест возење со електричен автомобил и да учествуваат на панел дискусијата за поттикнување на електромобилноста.

Настанот го организираше „Прокредит банка“ – Македонија, а во него учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

– Токму овој настан е потврда за тоа како треба да работиме на полето на заштита на животната средина. Секој од нас носи одговорност: институции, приватен сектор, граѓански сектор. Само заедно можеме да дадеме конкретен придонес.
Загадувањето е еден од главните проблеми во оваа држава по сите релевантни анкети. Општина Карпош е во процес на донесување на нов Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) кој нуди препораки и решенија и во делот на поттикнување на користење електрични превозни средства, рече Богоев.

Имено, новиот ЛЕАП на Општина Карпош дава препораки за субвенционирање на електрични велосипеди и тротинети, како и поставување на полначи од обновливи извори на енергија кои ќе бидат достапни за граѓаните и нивните возила.

– Имајќи ја предвид финансиската состојба на граѓаните, јасно е дека ова нема да биде лесен процес, затоа е потребен напор и поддршка од сите чинители.

Да почнеме да се менуваме. Ако до пред неколку години субвенциите за велосипеди беа реткост, денеска се редовна пракса во повеќе општини. Оттука, се надевам дека и субвенционирањето на хибридни возила може да биде наше секојдневие и електромобилноста да стане реалност и во нашата земја, заврши Богоев.

На панел дискусијата која се одржа веднаш по изложбата, се обрати и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули кој се осврна на фактот дека ова е клучна година во борбата со аерозагадувањето.

Предвидени се повеќе финансиски средства од Владата за справување со овој горлив проблем, но мора да постои волја и подготвеност кај сите чинители, а придонесот на општествено – одговорните компании навистина е огромен.

На дебатата се обратија и претставници од „МЕПСО“, „ЕВН“, НВО „Електромобилност Македонија“, „Порше“ и „Прокредит“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток