Златан Ибрахимовиќ за својот татко Шефик: Не ме гледаше како играм, пиеше алкохол по цел ден
Златан Ибрахимовиќ барем еднаш месечно е на насловните страници. Сепак, малкумина ја знаат приказната за неговиот татко -Шефик Ибрахимовиќ . Тој градеше кариера како пејач на народна музика, а неговиот најголем хит беше посветен на синот „Злато, Златане“.
Како што се шпекулира со години, а за што пишува Ибрахимовиќ во својата автобиографија, кафеаната и алкохолот го чинеа Шефик развод од Јурка, мајката на Златан Ибрахимовиќ.
Многумина не знаат кој е Шефик, но во последните години тој станува се попознат.
Шефик е познат по прекарот Кинко, на Златан му посвети три песни (втората е „Сине мој“, а третата е „Златане дај се, без тебе гол нема“)
„Не ме гледаше како играм, ниту ме охрабруваше на училиште. Тој го имаше своето пиење, неговата војна и неговата југословенска музика“, напиша Златан во својата автобиографија.
Тие години Шефик ги поминал во кафеана со чаша во рака, поради што бракот му се распаднал. Златан ја започна кариерата во МБИ, а потоа премина во ФБК Балкан. И додека татковците им помагаа на синовите, „Ајде момци. Добро е“ во првиот ред, на Златан немало кој да му даде надеж дека игра одлично.
Сепак, Шефик одеднаш почнал да се менува и станал целосно посветен татко кога сфатил дека Златан го чека голема кариера. Го следеше секој тренинг на Златан, сечеше написи од весниците и доаѓаше на секој натпревар. Таа блиска врска останала до ден-денес.
Кога Златан стана успешен, Шефик престанал да пие, а еден разговор преку телефон ќе остане запаметен. „Дадов гол“, рекол Златан. Шефик одговорил: „Повторно? „Па, не застанувај“