Коментари

Прославата за Илинден е намерно уништена, за да се убие духот на Македонскиот народ, вели Крмов

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов на социјалните мрежи објави дека прославата за Илинден била намерно уништена, а атмосферата умртвена како на погреб.

„Прославата за Илинден е намерно уништена, за да се убие духот на Македонскиот народ!
Полицијата не пушташе луѓе за да има малку публика, а нашата кукавица од Премиер, за 120 години јубилеј, не е на Мечкин Камен.
Атмосферата умртвена, како на погреб.
Ќе ве истрпиме.
Нема да траете уште долго.
Илинден ќе живее и покрај вас.
Повторно ќе ја кренеме Републиката!
Честито 120 години Илинденско востание!
#120ГодиниИлинден“, стои во објавата.

На почеток