Скопје

Скопје: И го украле паричникот, па си извадиле пари од банкомат

Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46) и Х.А.(46) поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела, „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 251 од Кривичниот законик на РМ, со што пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 48.800 денари.

Имено, првото кривично дело ,,тешка кражба“ сторителите го извршиле на 12ти ноември минатата година на улица „Бледски Договор“ кога од патничко моторно возило одзеле паричник во кој имало лични документи и банкарски картици. Потоа го извршиле и второто дело, од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари од една од картичките кои ги нашле во паричникот и на која имало запишан пин.

По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток