Македонија

Заев: Македонија ќе ја направиме Швајцарија

Време е да работиме и Македонија да ја направиме Швајцарија на Балканот. Македонија има капацитет и треба да го  искористи. На граѓаните треба да им овозможиме достоен живот во сопствената земја, смета премиерот Заев. Тој додаде дека Македонија веќе е земја без ниту едно отворено билатерално прашање и треба да се направат крупни чекори за развој на економијата, пишува ТВ21.

Во меѓувреме, за просечната плата од 500 евра, што ја најави Заев ,  реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека такво нешто нема да се случи, тоа е уште една од лагите на премиерот.

–Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и тоа се уште не го реализираше. Просечната плата од 500 евра со СДСМ нема да има, така како што нема чист воздух. Заев ги повторува истите лаги кои ги вети пред две години но веќе народот знае дека Заев нема да постигне ништо – велат одВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот на економски прашања, Кочо Анѓушев истакна дека за економски развој најважни се три елементи: владеење на правото, креирање стабилна држава и амбиент за инвестиции, без разлика дали инвеститорите се домашни или странски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток