ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на српската заедница им го честита 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.
„Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник Свети Сава како препознатлив симбол на српскиот народ остава траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Со својот јазик, култура и традиција, припадниците на српската заедница се неотуѓив дел од Охрид. Почитта и негувањето единство е изворот на нашата сила и опстојување, а со тоа сите заедно да придонесеме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија.
Упатуваме искрени честитки и посакуваме добро празнично расположение, убава домашна атмосфера, среќна слава и многу здравје, среќа и успех.
Нека е честит големиот празник!“, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.