Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Признанието на Филипче дека не ја вакцинирал внуката е доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните

Венко Филипче призна дека има партиски вработувања во здравството. Срамно и недозволиво е лекари и медицински персонал, кој треба да се грижи за животот и здравјето на граѓаните, наместо за својата стручност да се вработува заради партиската книшка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Филипче.

„Обезбедување на квалитетен здравствен систем е обврска систем е обврска на државата и право на граѓаните загарантирано со устав. Никој, па ниту Филипче и СДСМ не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните.

Филипче и СДСМ создадоа вистински хаос во здравството. СДСМ од позиција на опозиција создаде недовреба кон вакцините за ситни политички поени, а сега незнаат како да го решат хаосот кој сами го создадоа.

Признанието на Филипче, дека не ја вакцинирал внуката од морбили која е премногу мала, но ја однел пред камери дека се вакцинира со цел медиумски да ги излаже граѓаните е уште еден доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните.

Филипче и СДСМ си поигруваат со граѓаните. Филипче и СДСМ мора да си заминат пред штетите врз здравствениот систем да бидат преголеми“, стои во реакцијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток