Македонија

(ФОТО) Членови на хипи-секта кампираат и палат огнови среде Маврово

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Групацијата позната како Rainbow Gatherings, традиционално изведува повеќедневни собири на разни локации низ светот, пропагирајќи ги идеалите на некогашното хипи-движење во модерни услови, при што се кампува на отворено, во природа, а луѓето се собираат околу огнови, приготвуваат храна и се дружат. Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари, само дваесетина дена откако Владата донесе забрана за движење низ шумите во државава токму поради зголемената опасност од палење на сувата вегетација поради високите температури, полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност, пишува Телма.

„Овие лица ја запоседнаа локацијата Црн Камен крај село Леуново, и сместени се на ливада која е во моја сопственост, и тоа со знаење и одобрение од Национален парк Маврово“, вели Владо Лазаревски, кој воедно е и претседател на месната заедница во селото. Лазаревски вели дека група граѓани и МЗ Леуново го пријавиле случајот во полиција, но оттаму не било интервенирано.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток