Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да одговорат за скандалот со пензиите и штетата врз 12.000 граѓани

Наместо празни прес конференции ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да одговорат за скандалот со непрефлањето на средства во вториот пензиски столб за 12.000 граѓани, осигуреници и идни пензионери со што им ги загрозиле пензиите, велат од СДСМ.

„На околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси не се распределувале пари во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.

Со тоа директно им се скратило правото на околу 12.000 лица да остварат пензија во целост и дитектно ги оштетиле.

Тоа е начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Хидро Мицкоски водел бизнис со хидроцентрали и го советувал својот шеф Никола Груевски, на граѓаните им биле кратени пензиите и загрозена исплатата на пензиите во целост.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат одговор за овој скандал и неправда врз 12.000 граѓани.

Владата предводена од СДСМ ќе го санира и овој проблем наследен од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде исправена неправдата кон сите оштетени граѓани, а одговорните за овој скандал мора да понесат одговорност“, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток