Македонија

Мицкоски: 22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави статус по повод 22 години од заседата кај Карпалак.

„22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава?
22 години потоа Македонија се губи од власта на зелена маса. Парче по парче, само затоа што власта така си ги купува привилегиите, удобствата и се оддржува на стаклени нозе. Бранителите се на маргините. Делото на овие јунаци се брани со крената глава, достојно и со ум и со срце за Македонија. Никогаш повеќе ова црно бреме за татковината. Ќе дојдат подостојни. Слава им“, вели Мицкоски.

На почеток