Суперсоничен руски бомбардер „ту-22М3“ се урна во вторникот при слетување на воен аеродром во Мурманската област во Русија.
Сега, во медиумите се појави неверојатна снимка од падот на военото летало. Како што е снимено на видеото, авионот се обидел да слета, додека видливоста била многу слаба, последниот дел удрил на земјата, се преполовил, а потоа се запалил. Несреќата се случи на 22 јануари во близина на пистата за слетување.
Единствениот преживеан е хоспитализиран и има сериозни повреди. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.
