Милошоски за градскиот стадион: СДСМ и ДУИ не можат ни да го одржуваат, го исушија како запуштена ливада


Најголемиот стадион во Македонија „Тодор Проески“ е во очајна состојба, а Европската фудбалска унија (УЕФА) не даде дозвола за натпреварите од европските клупски натпреварувања во август поради очајната состојба на тревникот.
Поради грешка на изведувачот, тревата е во лоша состојба и потребен е нов процес на трева, па ниту една екипа нема да игра до почетокот на септември. Прволигашите Вардар и Работнички домашните натпревари ќе ги играат на алтернативен терен.
На стадионот беа инвестирани над 60 милиони евра од 2008 до 2013 година, а фактот што Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед играа во финалето на Суперкупот на УЕФА во 2017 година го поткрепува квалитетот на фудбалската здание.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека поради СДСМ и ДУИ стадионот е како запуштена ливада.
„Националната арена е за генерации, изградена во времето на ВМРО (2007-2012), гордост за Македонијa
• фото албум како малиот Градски Стадион (од времето на #СДСМ (до 2006) стана светска спортска арена достојна за фудбалскиот #SuperCup во 2017та
И сега СДСМ&ДУИ не можат ни да го одржуваат, го исушија како запуштена ливада, и УЕФА донесе забрана за меѓународни натпревари на стадионот
#ОдДнотоПодолу“, напиша Милошоски.
