Коментари

Поддршката која Франција и ја дава на Бугарија можам да ја разберам само како искористување, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска преку својот фејсбук профил потсетува дека негативниот однос на Франција кон проширувањето на Европската унија не е од вчера, туку датира од многу одамна.

А сега, како што нагласува таа, поддршката од Франција за Бугарија може да ја разбере само како искористување на таа држава за остварување на француските намери.

„Негативното влијание на Франција врз земјите кандидати за ЕУ не е од вчера и не е само кон нас.

Во 1961 Британија аплицираше за членство во Европската економска заедница. На ова стави вето францускиот претседател Чарлс де Гол (по нашки Шарл), кој беше загрижен дека британското членство ќе го ослаби францускиот глас во Европа. Тој исто така се плашел дека блиските Англо-Американски односи ќе водат кон зголемено влијание на САД во Европа. Чарлс де Гол исто така ставил вето на https://www.parliament.uk/…/britain-and-eec-to…/….).

Поддршката која Франција и ја дава на Бугарија можам да ја разберам само како искористување на Бугарија за остварување на француските намери и желби“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук статус.

На почеток