Македонија

(ВИДЕО) Сведоштво за заседата кај Љуботенски Бачила

Македонија денеска одбележува 22 години од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година.

Стојанче Ангелов на социјалните мрежи го сподели сведоштвото на Зоран Китановски кој ја предводел групата и бил во камионот.

„На денешен ден 2001-та кај месноста Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини.
Од силната експлозија животот го загубија:
Ивица Златевски (24)
Томислав Настевски (27)
Марјанчо Бошковски (28)
Раде Јанковски (32)
Томе Бадаровски (33)
Бранко Јанев (36)
Томе Димовски (37)
Гоце Чанкуловски (39),
сите припадници на резервниот армиски состав од гарнизонот Скопје.
За да го зачуваме овој тажен настан во нашата македонска колективна меморија, го снимивме сведоштвото на Зоран Китановски, тогашен резервен армиски капетан, кој ја предводел групата и бил во камионот кој буквално летнал во воздух. Слушнете го неговото траорно сведоштво за овој крвав настан.
На преживеаните но повредени бранители кои биле во камионот им посакувам колку може подобро здравје и долг живот, иако еден од нив почина минатата година.
На загинатите херои, нека им е вечна славата“, напиша Ангелов.

Вознемирувачко видео

На почеток