Коментари

Курти си води политички игри со националистички екстремни албански партии и групации на територијата на Македонија, вели Беличанец

Тито Беличанец, правник и редовен професор на Правниот факултет во Скопје на социјалните мрежи реагираше на денешната посета на премиерот на Косово, Албин Курти. Тој вели дека ова е политичко – дипломатски скандал.

„ПОЛИТИЧКО – ДУПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ!
Елементарно непочитување на вообичаените дипломатски протоколи за посета на премиер во друга држава, со што се државниот интегритет и суверените на РС Македонија со посетата на премиерот на Република Косово Албин Курти на две опозициони албански партии и на една нерегистрирана политичка сепаратистичка групација од ДУИ.
Накусо: Курти си води политички игри со националистички екстремни албански партии и групации на територијата на Македонија.
Очекувам сериозно реагирање од страна на Претседателот на државата, Премиерот и МНР“, вели Беличанец.

На почеток