Коментари

Најчевска за изјавата на Муртезани: Ваков тип никогаш не смее да стане дел од власта на држава која не ја прифаќа како своја

Орхан Муртезани од албанската партија „Алтернатива“ порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

„Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи“, рече Муртезани.

На оваа изјава реагираше професорката Мирјана Најчевска.

„Прво, во Македонија не живеат Албанци туку граѓани на Македонија кои припаѓаат на албанската етничка заедница, односно се по потекло етнички Албанци.
Второ, секој од тие граѓани кои припаѓаат на албанската етничка заедница кога станал функционер ја пеел химната на државата чиј државјанин е.
Трето, ова треба да се процесира како говор на омраза и како акт на поттикнување етнички базирано непријателство.
Четврто, ваков тип никогаш не смее да стане дел од власта на држава која не ја прифаќа како своја.
Петто, следниот чекор е повикување на насилно уривање на уставниот поредок?
И шесто, јас лично овој тип не би го третирала со преголема сериозност. Едноставно тој е дел од оние кои едноставно немаат ништо паметно да понудат на граѓаните на Македонија и се обидуваат сопствената безидејност да ја замаскираат со националистичко пакување“, вели Најчевска.

На почеток