Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Шапка и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Снег врне на Попова шапка.

Намалена видливост поради магла до 100 м има на Попова Шапка и 30 до 50 м на планинскиот превој Стража.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток