Македонија

Ново рочиште за предметот „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денес продолжува судењето за предметот на СЈО познат како „Титаник 2“ во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Закажани се рочиѓта на 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбраната.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток