Македонија

Ќе гласаме за уставни измени само со недвосмислени гаранции од ЕУ, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија ќе гласа за уставните измени што се бараат само доколку ЕУ даде гаранции дека ќе се задржи македонскиот идентитет, традиција и култура.

Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.

„Ќе бараме гаранции од ЕУ кои недвосмислено ќе го потврдат македонскиот идентитет, култура традиција и јазик, бидејќи за жал во протоколот кој го потпиша Бујар Османи има идентитетски интервенционизам. Никогаш бугарските политичари немале проблем со современата дефиниција за македонскиот народ од 1945. Ние дискутираме шти било претходно., Во бугарскиот парламент сега има декларација за илинденското востание.

Ако не сме загрижени дека ќе се смени нашиот идентитет, да го тргнеме билатералниот договор од преговарачката рамка. Ако се отвора темата за промена на Уставот, не смееме да ја испуштиме суштината. Ако нешто давам, истовремено и вие треба да дадете нешто. Барем неколку од тие пресуди во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Како инаку вие мене ќе ме убедите дека имате добра намера и дека го заслужувате тоа што го барате. Имате 14 пресуди за македонската заедница и нула за бугарската заедница во Македонија – не знам кој е тука дискриминиран. Ние бараме одлуки да бидат имплементирани од легални европски институции, не бараме ништо повеќе.

Протоколот и билатералниот договор се опасност во иднина за дополнителен историски интервенционизам и нови вета“, рече меѓу другото Мицкоски.

За парламентарните избори предвидени во 2024, тој не сакаше да каже дали ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со опозициските албански партии, ниту пак категорично да отфрли коалицирање со ДУИ. Рече дека тоа треба да го покаже коалицискиот капацитет по добиените резултати од изборите.

На почеток