Скопје

Уништувајќи игралиште се градела улица во Козле, граѓани го спасија во последен момент

Денес благодарение на брза реакција на жителите во нас. Козле, била спречена узурпација и уништување на спортското иралиште, непосредно до средното училиште Лазар Танев, објави Независни за Карпош.

„Без документација и без знаење на општината со градежна механизација се обиделе да пробијат улица преку постоечко спортско игралиште до училиштето иако веќе има постоечки пристап.
Општинските инспектори, според наши извори излегле на терен и не биле информирани за ваков вид градежни активности.
Ќе провериме дали Град Скопје има намера да издаде дозвола и дали ова било самоволие на директорот од училиштето.
Спортскиот терен не е во рамки на училиштето, тоа е јавен простор кој го користат најчесто децата од оваа населба.
Благодарност до жителите за брзата реакција и информациите кои ни ги дадоа за овој случај“, стои во објавата.

На почеток