Освен Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, вели Фуере


Поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за порталот indeks.mk зборува за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.
Тој вели дека освен Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје.
– Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Македонија – изјави Фуере
