Во македонски општини, може да има поголемо малцинство од друга националност или етничка група, ама тоа не ги прави присвојност на друга држава, вели Кираџиева
Пратеникот Скендер Реџепи, кој беше дел од Алтернативата, а сега дејствува како независен пратеник, прв од пратениците доби збор на седницата за уставните измени за вметнување на Бугарите. Тој бараше да се избрише формулацијата „20 отсто“ од Уставот при измените што треба да се донесат следниот период. Реџепи рече дека со вметнувањето на Бугарите ќе се отворат хоризонтите кон ЕУ, но во државата ќе има меѓуетнички тензии. Според него, Албанците не смее да бидат заложници.
„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.
На оваа изјава реагираше Весна Кираџиева од Левица.
„Скендер Реџепи од собрание: „албански општини да го бараат патот кон ЕУ одделно од македонските општини“.
Македонофобите сè уште се служат со сепаратистичка и шовинистичка реторика неказнети
Во Македонија може да има само македонски општини, градови, села… албански општини во Албанија итн. Во тие МАКЕДОНСКИ општини, може да има поголемо малцинство од друга националност или етничка група, ама тоа не ги прави присвојност на друга држава.
‼️ Ваква изјава е скандалозна и за осуда (согласно КЗ), за ширење национална омраза, раздор и нетрпеливост“, вели Кираџиева.