Покажете ја вашата хуманост, да му помогнеме на младиот Лео
Другарите на Леонид собираат донации за младиот Леонид кој доживеал несреќен случај и го повредил рбетниот столб. Поради повредата тој не може да ги движи рацете и нозете, а
„Нашето другарче Леонид пред две недели дружејќи се со нас, доживеа несреќен случај со тешка повреда на рбетниот столб. Како резултат на повредата не може да ги движи рацете и нозете. На Лео му беше извршена комплицирана операција, меѓутоа ќе требаат дополнителни финансиски средства за негово понатамошно лекување со цел повторно да може да се врати во училишните клупи и да се дружи со нас.
Како другари на Лео секогаш бевме инспирирани од неговата позитивна и кротка природа , спортскиот дух и неговите достигнувања. Лео има посебна страст за компјутери, за што заедно со неговиот тим освои прво место на меѓународниот натпревар „Nasa Space Apps Challenge“. Лео секогаш со гордост истакнува дека ја претставува Македонија.
И покрај сериозните предизвици со кои неочекувано се соочи, истрајноста, одлучноста и позитивниот дух на Лео продолжуваат да зрачат. Со цел да му помогнеме на Лео во неговата борба да закрепне, отворивме хуманитарна телефонска линија и сметка за донации. Средствата кои ќе се соберат ќе бидат директно искористени за комплексни медицински третмани, рехабилитација и медицински помагала кои ургентно му требаат на Лео. Вашата хуманост и емпатија можат да бидат од клучно значење за животот на Лео. Секоја донација, без разлика во колкав износ е, ќе овозможи Лео да ја добие потребната медицинска нега и поддршка“, стои во објавата.
Можете да донирате на телефонските броеви
А1: 143-500
Телеком: 143-118
Со секој повик се донираат 100 денари
Или на сметка:
Од Македонија
210-7000006805-91 НЛБ Банка
Од странство:
IBAN: МК07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE