Македонија

Облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во јужните и источните делови од земјава. На планините над 1200 м.н.в. ќе има врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, додека дневната од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од 0 до 5 степени.

Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток