Денес времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во утринските часови на северозапад со слаб локален дожд, а по котлините со слаба магла. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 7 доо 15 степени.
Во Скопје облачно со температура од 2 до 10 степени.
Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. И утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег.