На 01.02.2019 година во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од село Габрово, изгубило контрола, удрило во брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот.
Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.